После 10 години и потрошено богатство на ин витро зачнале природно
Лиз(40) и Грег(40) Валтон потрошиле 10 години во безуспешни обиди да станат родители, а во текот на годините потрошиле и 30000 фунти за неуспешни ин витро постапки. Она што не го очекувале било дека Лиз ќе зачне природно, кога ја изгубиле секоја надеж.
На парот му било кажано дека никогаш нема да можат природно да зачнат бидејки на Грег му биле пронајдени антиспермални антитела. Очајниот пар ја потрошил целата заштедевина на 6 неуспешни ин витро обиди.
Лиз мислела дека минува ни менопауза кога открила дека е бремена.
Таа сега е во седми месец и носи девојче.
Кога парот стапил во брак тие воопшто не очекувале дека ќе имаат проблем со зачнувањето, Лиз вели:
Се земавме и помисливме: ОК, ајде да забременам, но и после неколку години тоа не се случи.
Пораснавме со уверување дека на земјава постоиме за да имаме деца. Кога видов дека не можам, почнав да се напаѓам сама себе. Се прашував зошто не можам и што згрешив.
Бев скршена секогаш кога постапката немаше да успее. Тоа ме раскинуваше и се чувстував уништено. Продолжив да се прашувам како можам да го поправам ова? Ми стана опсесија и ме доведуваше до лудило.
Лиз во 2010 г. се откажала од ин витра и се свртела кон советување, а нејзиниот поглед се променил. Таа вели:
Учествував во работилница за емотивно исцелување и тоа ја донесе нашата врска на едно сосема ново ниво. Исто така ми помогна подобро да се справам со ситуацијата.
Не сакав да бидам огорчена личност и сфатив дека морам да го оставам тоа. Дојдов до точка кога не го живеев мојот живот, туку се држев за нешто што не можев да го имам.
Кога се помирила со идејата дека никогаш нема да има свое семејство, Лиз го примила најголемиот шок во животот. Таа вели:
Мислев дека минувам низ менопауза и бев шокирана кога открив дека всушност сум бремена.
Сакав да знам што не е во ред и решив да направам тест за бременост за да ја отстранам таа можност.
Тоа беше ефтин тест, претпоставив дека е погрешен.
Направив уште два теста пред да почнам да верувам.
Бев во целосен шок и закажавме преглед. Кога лекарот ни потврди, дури тогаш почна да ми станува реално.
Лиз сега работи како терапевт и советува други жени кои имаат проблем со неплодност. Таа вели:
Верувам дека нашиот ум може да има влијание врз нашите тела и научив некои техники за да станам ментално и емотивно поздрава:
Кога се откажавме од сонот да имаме деца, мислам дека станавме порелаксирани и конечно ја прифативме ситуацијата, всушност станавме спремни за да ги имаме.
Се чувстувам толку благословена и среќна. Повеќе не сум во шок и само уживам во моментот.