Никој не очекувал дека ќе преживее, но родителите не се откажале

бебето после операцијата

Kevin и Jennifer Sheridan добиле син, кој тежел повеќе од 5 кг. Уште пред да се роди им кажале дека бебето има ретка деформација, наречена енцефалочела - черепот на бебето не се затворил целосно и тоа овозможило мозокот да може да излезе низ тој отвор. Енцефалочелата предизвикала Овен да се роди со израсток на главата, кој тежел повеќе од 3 кг. Лекарите им ги соопштиле на родителите, вестите кои не сака да ги слушне ниту еден родител: Овен немал никакви шанси да преживее, никој не се нафатил да го оперира.

Родителите не се откажале од својот син и надежта дека ќе преживее. Тие очајнички барале хирург, кој ќе се нафати да го оперира нивниот син. Нивната потрага вродила со плод и бебето било оперирано во Бостонската детска болница. Операцијата траела 7 часа, а за тоа време семејството и нивните пријатели се молеле ова храбро момче - чие име значи "воин" да преживее.

Др. Mark Proctor, неурохирург од болницата, вели:

Мислам дека Овен треба да помине уште долг пат, но фактот што сега можат да го држат и да го третираат како нормално бебе е навистина охрабрувачки.

Ќе биде потребно Овен да носи посебен шлем, за да се обликува неговата глава. Но тој е добар и неговите родители се благодарни за неговиот напредок.

Борбата за животот на чедото никогаш не е залудна и никогаш не е време за откажување од верата и надежта. Па дури и кога сите ќе речат дека надеж нема, таа победува!