Магарето во бунар

Еден ден магарето на еден фармер паднало во бунар. Животното жално викало со часови додека земјоделецот се обидувал да смисли што да направи. Конечно решил дека животното секако било старо, а бунарот секако требало да се затрупа, па магарето едноставно не било достојно за тој да се обиде да го спаси.

Тогаш, фармерот ги поканил сите свои соседи да дојдат и да му помогнат. Тие сите зграпчиле лопати и почнале да го затрупуваат магарето со смет и земја.

Сите други домашни животни биле многу вознемирени заради тоа, затоа што магарето било нивни пријател. Но за жал тие знаеле дека нема ништо што можат да сторат за да му помогнат.

На почетокот кога магарето сфатило што се случува, почнало ужасно да вика. Потоа, на изненадување на сите, тоа се смирило и стивнало. Кога фрлиле уште неколку лопати земја, земјоделецот конечно погледнал долу и се вчудоневидел од тоа што го видел.

Со секоја лопата на земја која била фрлена врз неговиот грб, магарето правело нешто неверојатно. Тоа ќе ја истресело земјата од него, и ќе застанело врз неа. Како што соседите на фармерот продолжиле да фрлаат земја врз грбот на животното, тоа ќе се ослободело од неа и ќе направело чекор погоре врз истата таа земја.

Наскоро, сите биле зачудени кога магарето пречекорило преку работ на бунарот, и излегло надвор!

ПОУКА: Се случува понекогаш животот да фрла нечистотијата врз нас, секаков вид на нечистотија. Но, секоја неволја може да биде отскочна даска. Што се случува со нас не е толку важно колку тоа како реагираме на тоа. Можеме да излеземе од најдлабоките бунари, само ако не се откажеме!
 



Магарето излегло од неговата јама, можеме и ние од нашата

Designed by Antsin.com