Малиот фудбалер без стопала - инспирација и охрабрување за мнозина
Габриел (11) е едно бестрашно, упорно и успешно момче од Бразил, кое е инспирација и пример за многу луѓе низ светот.
Тој има челична волја и е решен да стане фудбалер, без оглед на тоа што има вродено нарушување и неговите стопала не се развиени нормално. Неговата мајка кажува дека и покрај неговата состојба, тој проодел уште на 10 месеци. Таа вели:
Ќе одевме по него очекувајки да падне, но тој никогаш не падна.
Габриел учествува во школскиот фудбалски тим и дури добива и медали. Најчесто носи протези, но кога се работи за играњето фудбал сака да игра босоног.
Освен што со својата игра ги импресионирал семејството и пријателите, приказната за Габриел стасала и до ФД Барселона. Шпанскиот гигант го поканил Габриел на камп тренинг.
Габиел имал прилика да го запознае и својот фудбалски херој Lionel Messi
Неговиот најдобар пријател изјави:
Тој е вешт, тој оди по неа (по топката), бестрашен е и знае да ја организира играта. Исто прави и добри додавања.
Наставникот по физичко додава:
Тој ги предизвикува општествените норми. Кога стаса тука (на Академијата Барселона) никој не веруваше во него. Но тој им докажа на сите дека може да оди рамо до рамо со другите момчиња. Така беше и поканет во Шпанија за да го покаже својот талент.
Габриел е одлучен да го оствари својот сон и да стане професионален играч. Самиот вели:
Единствената работа што не можам да ја направам е да летам.
За неговиот напредок веќе се снима и ТВ серија.