Родила 4 бебиња за 9 месеци

Social Buttons

Кога пред 3 години Сара и Бен решиле да го прошират своето семејство планирале да имаат 2 деца, на растојание едно од друго. Но она што се случило немало никогаш да им дојде на ум. Сара прво го родила синот Фреди, а после 7 месеци ја родила тројката: Стенли, Реџи и Дејзи.

Родителите се преморени и мораат да се откажат од секаков луксуз, понекогаш забораваат да јадат во текот денот и навечер имаат сила само да седнат покрај телевизорот. Во секој случај тие воопшто не жалат за нината одлука и се среќни со своето семејство.

Само неколку недели по раѓањето на Фреди, Сара природно ја зачнала тројката. Мислела дека менструалниот циклус не и е стабилизиран заради породувањето, но сепак направила домашен тест за бременост. Кога видела дека е позитивен го сликала и му го испратила на нејзинот маж на работа. Тој вели дека кога ја видел сликата речиси ќе паднел од столот.

Кога на ултразвукот на 12 недели се покажало дека е тројка, тие наместо да искусат радост биле во паника и страв- имајки во предвид дека живеат во еднособен стан.

Дали би смениле нешто? Се разбира НЕ! Откако поминало дејството на шокот тие не би сакале работите да биде поинаку.

Сара додава:

Кога откривме дека сум бремена со тројка, заради ризиците поврзани со повеќекратна бременост ни понудија селективен абортус. Но Бен и јас не веруваме во абортус, а дури и да не беше така, кое од нив ќе го отстраневте?

Гледајки ги сите три сега, знам дека немаше да можам да живеам со вината ако дозволевме едно од нив да умре - секогаш ќе мислев дека требаше да бидат 3, наместо 2.

4 бебиња



Тројката се родила во 7 месец од бременоста со царски рез. Две недели откако биле пуштени дома Стенли добил инфекција на белите дробови и речиси ќе го загубел животот. Сара не може да зборува за тоа без солзи во очите:

Не можам да го замислам животот без сите нив, но нашето семејство дефинитивно е комплетно.

среќното семејство

Designed by Antsin.com