Дру Баримор: Лудо е да се грижите за тежината
Дру Баримор воопшто не е фокусирана на тоа да се врати на тежината од пред бременоста.
Дру има своја продукциска компанија и своја линија на козметички производи, но, нејзин приоритет секогаш е да биде мајка на ќеркичката Олив (2,5 г) и Френки (1 г).
Таа изјавува:
Две се подобри од едно. Не можам да поверувам.
За разлика од огромниот дел на Холивудските ѕвезди, таа е трезвена и не се преоптоварува со тоа скоро да се врати на тежината од пред бременоста:
Ви треба 9 месеци за да ја ставите, ви треба 9 месеци за да ја симнете - во најдобар случај.
Треба да ги тргнеме притисоците. Толку се глупави и смешни. Помина една година и уште не сум таму, но добро е. За мене е во ред.


