Чоколаден мус од авокадо
Едноставен и вкусен десерт, а најважно од се е дека е хранлив и здрав.
Потребни состојки:
2 Зрели, средно големи авокада
2 Банани
2 Супени лажици какао
1/2 шол млеко
Ако сакате да има поголема блажина додадете едно кафено лажиче мед
Подготовка:
Излупете го авокадото, извадете ја семката, исецкајте го и заедно со излупените банани, какаото, млекото и медот ставете го во блендер.
Изблендираната смеса ставете ја во садови за послужување и чувајте ја во фрижидер 2 часа.
Наздравје, уживајте во вашиот здрав и вкусен десерт!