Мохито за деца и трудници


Потребни состојки:

75 мл. сок од јаболко

75 мл. кисела вода

1 зелен лимон

2 ливчиња од нане

1 лажичка ванилин шеќер


Начин на подготовка:

Исецкајте го лимонот, додајте ванилин шеќер и нане. Изгмечите ги состојките, додајте неколку коцки мраз, сок од јаболко и кисела вода. Украсете со парче јаболко и зелен лимон.


За споделениот рецепт и благодариме на нашата читателка Црнокоса