Крем торта од јагоди
Потребно:
За подлогата:
250 гр. бисквити
1/2 коцка маргарин
2 супени лажици шеќер во прав
млеко по потреба
За кремот:
2 жолчки
3 супени лажици шеќер во прав
300 мл млеко
500 мл слатка павлака
малку рум
1 желатин во прав
1 кутија јагоди
Подготовка:
1. Сомелете ги бисквитите, измешајте ги со маргаринот, шеќерот во прав и млеко по потреба додека да добиете уедначена смеса. Смесата ставете ја во калап за торта број 24.
2. Млекото, жолчките и шеќерот во прав ставете ги на оган, но не смее да зовријат. Кога смесата ќе биде доволно топла за во неа да може да се раствори желатинот, тргнете ја од оган, ставете го желатинот и мешајте додека не се раствори. Кога ќе се олади смесата помешајте ја со претходно изматената слатка павлака со малку рум.
3. Врз подлогата во калапот, ставете ред крем, па ред јагоди, повторно ред крем, па ред јагоди, завршете со ред крем и украсете ја тортата по желба.