Вкусна домашна паштета
Ретко кој не сака паштета, но знаејки што се може да се најде во неа многумина не си ја дозволуваат. Еве како да направите сами вкусна домашна паштета:
Потребно:
450-500 гр пилешки црни дропчиња
3 Лажици путер
1 главица кромид
250 гр печурки
2-3 чешниња лук
160 мл бело вино
1/2 кафено лажиче мелено семе од синап
1/4 кафено лажиче копар
1/4 кафено лажиче рузмарин
1 супена лажица сок од лимон
60 гр путер
Пордготовка:
Стопете ги трите лажици путер во тава и додадете ги пилешките дробови, кромидот и печурките. Пржете десетина минуtи додека дробчињата не добијат кафена боја. Додадете го виното, изгмечениот лук, зачините и лимоновиот сок.
Оставете ја смесата да врие додека не изврие течноста.
Тргнете ја од оган и оставете да се излади.
Додадете го путерот, изблендирајте и додадете сол по вкус.
Наздравје!