Шпагети Болоњезе


Време на спремање: 30-40 минути

Потребно:

Шпагети
300-400 гр. Мелено месо (телешко или мешано)
Кромид
Морков
Шампињони (не е задолжително)
Доматно пире (или свежи домати, излупени и ситно исецкани)
Пармезан за посипување
Зачини: вегета, црн бибер, оригано, цимет (пола лажичка, пробајте нема да зажалите. Италијанците циметот го користат не само за благо, туку дава и прекрасен вкус на болоњезе), црвен пипер (една лажичка, за боја), босилек (по желба, јас не користам)


Припрема:

Шпагетите ги спремаме како вообичаено и ги тргаме настрана.
Сос:
Во подлабоко тавче или тенџере на маслиново масло запржуваме кромид и морков, потоа го додаваме меленото месо (го иситнуваме при пржењето што поситно, никако да не биде крупно). Откако ќе ја добие потребната боја ги додаваме зачините и доматно пире помешано со вода или околу 300-400 мл сок од домати, додаваме и малку вода за да крчка околу 30 минути, заедно со зачините. При крај ќе се згусне целата смеса. Тоа е тоа. Кој сака по желба на крај посипува со пармезан.

Bon Apettit


Бобе