Супа од зеље или спанаќ

Потребно:


1/2 кило зеље или спанаќ
еден кромид
малку лук ( може и повеќе кој колку сака)


малку брашно (1 до 2 супени лажици)
700 мл. вода
сол
1 кисело млако

Подготовка:


Се пржи кромидот на малку путер, и се додава ситно сецкано зеље да се пропржи малку. Потоа му се додава 1-2 лажици брашно да се подазпржи малку брашното. се меша постојано да не загори и да не се направат грутчиња. За полесно може пред да се стави брашното да се размати со малку вода(пола филџанче). Сето се запржува убаво.Потоа се додава водата и се вари да се згусне. Ако ви е многу густа супата може да додадете вода или ако е ретка да додаете брашно. Потоа се додава ситно сецкан лук и едно канче кисело млеко. Може и магдонос, ама ние не почитуваме многу, и кој сака може и црн бибер. И супата е готова. Се служи ладна. Право летно и здраво освежуваање.

Наздравје


И благодариме на нашата читателка Весела за споделениот рецепт