Рецепти: Штангли од житарки
Житарките се сметаат за здрава храна, но всушност многу готови производи се преполни со шеќер и вештачки состојки. Наместо да купувате, можете лесно да си ги направите сами.
Кикирики путерот, лененото семе - богато со омега масни киселили и сувите плодови ги прават да бидат здрав избор за секој член во семејството.
Состојки
2 шољи овесни снегулки
3/4 шоља бадеми
1/2 шоља кокос
1/4 шоља сусам
1/4 шоља ленено семе
2 шољи суво овшје: брусници, кајсии, ананас ... по ваш избор
1/2 шоља мед
1 шоља несолен путер од кикирики
1 лажиче екстракт од ванила
1/2 лажиче сол
Упатство
1) Земете сад за печење со димензии 23x23 см или со слична површина и намачкајте го со путер, ставете врз него хартија за печење. Рерната претходно загрејте ја на 180 степени.
2) Ставете ги бадемите и овесот во садот за печење, во загреаната ретна, да се потпечат за време од 10 минути, повремено промешувајки. Додадете ги кокосот, сусамот, ленот и печете ги уште 2 минути.
3) Во меѓувреме, измешајте го медот, путерот од кикирики, ванилата и солта во сад и ставете ги на умерен оган, се додека не се уедначи смесата.
4) Кога смесата со бадемите ќе биде печена, извадете ја од рерна и веднаш ставете ја во течната смеса, додајте во сушеното овошје и мешајте додека не се уедначи.
5) Истурете ја смесата во садот за печење и притиснете, за да се распореди рамномерно низ целиот сад.
6) Оставете ја смесата да се олади и потоа исечете ја на правоаголници. Можете да ги чувате парчињата во затворен сад околу една недела.