Ужасните две: факти и фикција

ужасните две

Ужасните две е прекар на периодот помеѓу втората и третата роденденска свеќичка. Сигурно сте слушнале небарани коментари од типот: Почекај да наполни 2 години, па ќе видиш! Дали тој период навистина мора да биде така ужасен? Зависи од која страна го постматрате. Како и со сите клишеа, има нешто вистина во тоа, а има и малку преувеличување.

Периодот помеѓу втората и третата година секако дека ќе ви даде полни раце со работа, но тоа се случува и кога детето е на друга возраст. Еве што е карактеристично за периодот:


Две годишните си имаат свој став за нештата


Зошто е тешко?

Две годишните дечиња си имаат свои ставови, исто како и 16 годишните и 5 годишните. Разликата е што на 2 годишните им недостасува самосвест и најмала грижа им претставува тоа што се наоѓате на јавно место, кога ќе решат да го бранат својот став со глас, кој излегува од дно на петиците.

Зошто не е толку ужасно?

Ако размислите подобро, барем со две годишните дечиња знаете на што сте. Тие не се срамат да ви кажат што сакаат, што е многу повеќе од она што ќе можете да го извлечете од затворен тинејџер.


Две годишните имаат фалично размислување


Зошто е тешко?

Две годишните можат да зборуваат (некако или пак прилично добро, во зависност од детето), но за да го разберете нивниот начин на размислување, понекогаш ќе ви треба разбивач на шифри. Можете да дискутирате или да не се согласите со кохерентно мислење. Но, две годишно дете кое липа за нешто што за вас нема многу смисла и не можете да разберете за што се работи, понекогаш не е баш лесно да се смири.

Зошто не е толку ужасно?

Можете да бидете прилично сигурни дека ќе можете да го надмудрите вашето две годишно дете. Дури и кога не ви е сосема јасно што го мачи, ќе можете да му го одвлечете вниманието. Исто така, вашата големина ќе работи на ваша страна: секогаш ќе можете да го кренете во раце и да го одвлечете од некоја ситуација, што на пример нема да ви успее со дете во понапредна школска возраст.


Две годишните се робови на своето расположение


Зошто е тешко?

Тие понекогаш се гладни или уморни или и двете работи заедно. Често пати се кенкави. Се разбира, такви сме и ние. Но, две годишните деца ја немаат нашата способност да се кренат над тоа. Понекогаш нивниот ментален или физички резервоар е празен, а гледката на две годишник, кој работи на резевра, не е баш пријатна.

Зошто не е толку ужасно?

За среќа добар дел од овие ситуации можете да ги предвидите и избегнете. Ќе знаете да имате при рака играчки и нешто за јадење пред да прегладнат, а и ќе ги планирате активностите после спиење, кога детето е одморено. Со малку планирање, ќе можете да избегнете доста грди сцени.


Две годишните немаат друга работа


Зошто е тешко?

За две годишните деца не е никакво проблем да направат претстава, која ќе трае цело утро и ќе направи сите да задоцнат. Не дека тие имаат испланирано други активности за тој ден.

Зошто не е толку ужасно?

Ако некому му објасните дека сте задоцниле затоа што вашето две годишно дете имало тантрум, веројатно ќе наидите на разбирање и сочувство. Дури за некои родители ова е изговор и за ... деновите кога две годишното дете не е виновно.


Тоа е состојба на умот


Зошто е тешко?

Ужасните две можат да се појават уште на 18 месеци или пак на 34. Не се работи толку за возраст, колку што се работи за стадиум на развојот. Така да можеби ќе треба да се справите со оваа фаза кога најмалку ќе очекувате.

Зошто не е толку ужасно?

Вашето дете можеби ќе брзо ќе го претрча овој период без да помислите на зборот "ужасно". Особено ако се фокусирате да ги уживате прерасните моменти, што без никакво сомневање знаат да ви ги подарат две годишните дечиња.