Мајки пејте им на децата, приспивните песни ја смируваат болката

Приспивните песни не само што ги смируваат бебињата, туку тие ја смируваат и болката.

Научниците во познатата Great Ormond Street болница решиле да го испитаат влијанието на приспивните песни кај децата.

Тие откриле дека не само што кога им се пеело се намалувала брзината на чукање на срцето кај децата, (вклучувајки ги тодлерите кои чекале трансплантација на срце како и бебињата стари само една недела), туку видливо се намалувала и нивната болка.

Спротивно на тоа, читањето на приказни од сликовници со поп-ап слики и животински звуци немало ефект.

Истражувачите велат дека ова покажува дека ефектот не може да се објасни со тоа дека децата едноставно ги смирува екстра вниманието.

Баш има нешто посебно во пеењето.

Истражувачот д-р Nick Pickett, кој веќе две децении дава музичката терапија во светски познатата болница, вели:

Родителите им пееле на своите деца со илјадници години наназад и тие секогаш инстинктивно знаеле дека тоа им помага на нивните деца да се опуштат - но возбудливо е што има научни докази дека приспивните песни нудат вистински здравствени придобивки за детето.

Др. Pickett им пеел одбрани приспивни песни на 37 пациенти и го надгледувал чукањето на срцето, како и знаците на болка, како плачење, гримаси и грчење.

Единствено приспивните песни ја намалувале брзината на отчукувањето на срцето и болката.

Научниците сметаат дека смирувачките тонови им ја олеснуваат болката на децата, со тоа што им го одвлекуваат вниманието од неа.
 

 

Проф. Tim Griffiths, невронаучник, вели дека се чини дека музиката подобро допира во емотивниот центар на мозокот, отколку кажувањето на приказни.

Др. Pickett уште забележал дека подобро влијае пеењето во живо, отколку снимена музика. Тој објаснува:

Бебињата и малите деца повеќе реагираа на гласот на пеачот, отколку на инструменталот.

Всушност музика со повеќе од еден инструмент може да биде збунувачка и помалку ефикасна.

Изразот на лицето и визулената стимулација за време на пеењето на приспивните песни се исто толку важни, а изведбата во живо им овозможува на возрасните да го прилагодат нивното пеење на расположението на детето.


Постојат и други студии кои покажаа дека музиката е полезна за детското здравје. Студија во САД покажа дека бебињата на кои им се пееле приспивни песни качуваале побрзо на тежина и побрзо биле пуштани од интезивна нега.

Едноставно и инстиктивно нешто, а толку важно и корисно за децата.