Неуредните деца учат полесно

Оваа студија можеби ќе биде мала утеха за родителите кога ќе се најдат во ситуација кога нивното дете повеќе храна фрлило на подот отколку што изело. Малите деца кои се неуредни, грабаат, ги чувстуваат предметите, ги ставаат во уста итн., всушност  постојано прибираат информации за светот околу нив и полесно учат.

Психолозите тестирале 72 деца на 16 месечна возраст, им покажале одреден број предмети и подоцна гледале дали ќе можат да ги научат нивните измислени имиња.

Студијата покажала дека децата кои се понеуредни биле подобри во учењето и памтењето на зборовите.

Др. Larissa Samuelson, чиј тим ја спровел студијата вели:

Можеби вас ви изгледа дека вашето дете си игра на столот на хранење и ги фрла нештата на подот. Можеби и го прави тоа, но тоа собира информации преку овие акции.

Како што се покажа, децата тие информации можат да ги употребат подоцна.

Во студијата, на секое дете му биле дадени 14 не-тврди предмети, вклучувајки џем од јагоди, сирење, крем, чоколаден сос и овесна каша.

Потоа на децата им биле кажани измислени имиња за сите тие објекти - едноставни зборови како: дакс и кив. Малку подоцна повторно им биле дадени истите предмети во поинаква форма и било побарано да ги идентификуваат.

Научниците откриле дека децата кои употребиле повеќе "неуредни акции" како фаќање, грабање или ставање во уста, можеле точно да именуваат поголем број на предмети од децата кои употребувале "не-неуредни акции" како боцкање со прстот.

Децата кои биле понеуредни погодиле околу 70% од предметите, а оние кои биле поуредни идентификувале околу 50%.

Потоа децата биле поделени во 2 групи, едната група деца биле седнати на високи столчиња за хранење, а другата група била била седната до маса.

Децата кои седеле на столови за хранење биле понеуредни и имале подобри резултати на тестовите.

Извештајот од студијата вели:

Информациите, кои се добиени со мануелно истражување понекогаш се суштествени за да знаеме што е нештото.

Можеби изгледа како децата да фрлаат нешто на подот, но всушност тие собираат информации од таа акција.

Кога малите деца јадат неуредно и ја испитуваат храната при секој оброк, тие учат за индивидуалните храни, но исто така учат и за не тврдите супстанции општо.

Тие во моментот можеби прават многу повеќе од неред: тие трајно се менуваат во процесот на дознавање нови нешта...

Играњето со храната всушност им помогнало на децата во студијата за побрзо да ги научат имињата.

Тоа што децата биле понеуредни во столовите за хранење, покажува дека тие знаат дека тоа е место каде што можат да прават неред.