Малиот смешко, кој почнал да се смее уште во стомакот и не престанал откако се родил
Social Buttons
Насмевка од уво до уво, сликата го покажува малиот Лео Харгривс во неговиот среќен свет - уште пред да се роди, во 31 недела од бременоста. Неговите родители веруваат дека Лео е најсреќното бебе во Британија, бидејки откако се родил не престанал да се смее.
Неговата мајка, Еми (24), вели:
Мојот партнер и јас бевме апсолутно шокирани, дури и луѓето кои го правеа ултразвукот беа восхитени.
Но тоа беше само почеток. Откако се роди, тој постојано се смее - дури и во сон.
Лео сега има 5 месеци. Неговите родители го опишуваат како најнасмеаното бебе, кое го виделе. Компании покажале интерес Лео да биде модел, но неговата мајка вели дека е заинтересирана за тоа, само откако Лео ќе биде постар.
Нека е жив и здрав малиот Лео, а насмевката на лицето да му биде присутна засекогаш.


