Лекар врти карлично поставено бебе
На видеото може да се види како Др. Andrew Bisits, од Сиднеј се обидува да сврти карлично поставено бебе и успеава во тоа кога мајката ќе почне да му зборува на бебето.
Christy Rojas имала голема желба да се породи дома, но бебето останало свртено со нозете надолу и покрај тоа што веќе влегла во 32-ра недела од бременоста. Тогаш таа решила да побара помош од лекар кој е обучен на техниката (ECV) или со помош на надворешна масажа да му помогне на бебето да се сврти.
Кристи отишла на закажаниот преглед во 37-ма недела. После 2 обида лекарот и вели да почне да му зборува бебето и тогаш се случува успешниот обид. Бебето се врти во положба со главата надолу, а 3 недели подоцна Кристи можела непречено да има домашно породување.
Породувањето траело само еден час и на свет дошло здравото бебе Матис. Породувањето се случило побрзо од очекуваното и таткото морал да ја превземе улогата на акушерката која немало време да пристигне.
Кристи вели:
Навистина сакав домашно породување и многу ми е мило што вртењето успеа.
Матис всушност стаса пред бабицата бидејки моето породување беше толку брзо. Мојот сопруг го фати и се беше совршено.
Матис сега има 2 години и освен што има постаро братче, стана батко на Алекс.
Среќната мајка на три деца вели дека има голема желба да види дека повеќе болници го нудат овој метод на свртување на бебето, како поприродна опција за мајките со карлични бебиња.