Едноставна стерилизација на четките за заби
Social Buttons
Во усната празнина имаме милиони бактерии: Стрептококи, Стафилококи итн., тие имаат свој придонес за развој на кариес и заболувања на непцата. Освен тоа четките за заби се контаминираат и од самото стоење во бањата.
Четките можете да ги чистите со специјални средства за таа намена, но има и многу поедноставен начин, а потребните состојки веројатно дека веќе ги имате во вашата кујна.
Потребно:
1/2 Чаша вода
2 Лажици оцет
2 Кафени лажичиња сода бикарбона
Измешајте ги состојките и оставете ја четката за заби да стои во чашата половина час. Потоа добро исплакнете ја и вашата четка е дезинфицирана.
Сода бикарбоната и оцетот се ефикасни дезинфектанси и можат да се користат и како алтернативно средство за чистење во домот наместо комерцијалните средства.
Исто така многу важно е четката за заби да ја менувате на неколку месеци или кога веќе ќе покаже знаци дека е истрошена или оштетена. Во таков случај нејзината ефикасност за чистење на забите е значително намалена.



