Хемикалијата бисфенол А ќе биде исфрлена од шишињата за бебиња во ЕУ

Social Buttons

Од: Твое Бебе on Петок, 26/11/2010 - 14:41

Штетниот бисфенол А кој се наоѓа во шишињата за бебиња, ќе биде забранет во ЕУ од наредната година.

Тестовите покажуваат дека хемикалијата истекува во течноста која се наоѓа во шишето, со потенцијално штетни последици. Се смета дека бисфенол А делува штетно врз развојот кај малите деца.

Во Европската Унија вчера беше одобрена забраната, што ќе стапи во сила во ЕУ наредната година.

Хемикалијата нашироко се употребува за производство на цврста, проѕирна пластика и често се среќава во амбалажата за храна и пијалоци. Но минатиот месец во Канада официјално бисфенолот А беше класифициран како токсичен заради биолошките "разлики". Повеќе производители во САД доброволно го исфрлија од процесот на прозиводство.

ЕУ застапникот John Dalli рече: Има многу области на несигурност, кои произлегуваат од новите студии, кои покажаа дека БПА може да има негативно влијание врз развојот, имунолошкиот систем и појавата на тумори.

Одлуката е добра вест за родителите во ЕУ кои можат да бидат сигурни дека од средината на 2011 г. во пластичните шишиња за бебињата веќе нема да има БПА.

Одлуката има подршка и во В. Британија. Извршниот директор на добротворната организција The National Childbirth Trust, Belinda Phipps изјави:


Кога ќе ставите течност во шишето, особено жешка течност или течност која содржи масти, протекува од пластиката. Особено како што старее шишето и станува поизгребано, се повеќе истекува од хемикалијата во течноста во шишето.


Таа нагласи дека кога бебето пие од шише кое содржи БПА, хемикалијата која истекува од шишето бебето ја прима во себе и потоа таа се апсорбира во неговото масно ткиво.


Тоа е хемикалија која ги имитира естрогените, но на лош начин.

Таа се вмешува во метаболизмот на естрогените и нивното врзување на рецепторите и може да остави многу непријатни ефекти. Студиите врз животни покажаа многу значителни ефекти.


Но одлуката веројатно дека ќе предизвика спротивставувања од хемиската индустрија.

Во Америка Советот за Хемија, Канадската одлука за забрана на БПА ја опиша како: Спротивна на светските научни докази, негарантирана и дека носи непотребна забуна и вознемиреност во јавноста. Иако во светот веќе со години научниците и доказите предупредуваат за штетноста на хемикалијата.

Designed by Antsin.com