Нова студија: Најголем дел од пластиката (вклучувајќи пластика без БПА) испушта токсични хемикалии

Целта на студијата била да се утврди дали комерцијално достапните пластични смоли и производи, вклучувајќи ги бебешките шишенца, кои се рекламираат дека не содржат БПА, ослободуваат хемикалии со естрогенска активност.

Истражувачкиот тим избрал повеќе од 450 производи од широкиот дијапазон на продавници (почнувајки од Walmart па до Whole Foods). Биле избрани производи, кои биле дизајнирани за користење при исхраната.
 

Пронајдени се штетни материи и во шишенцата кои немаат бисфенол А


Резултатите се вознемирувачки. Еве неколку извадоци:

 

  • Во текот на првиот круг на тестови, при изложување на пластиката на солена вода и алкохол, повеќе од 70% од производите испуштиле хемикалии кои ги попречуваат хормоните
  • По подложување на производите во реални животни услови, како машина за миење садови или микробранова печка, тој процент се искачил на над 95%.
  • Тимот се сконцентрирал на бебешки шишенца и шишиња со вода, кои биле без БПА и сите од нив испуштале хемикалии, кои имаат естрогенска активност. Понекогаш производите без БПА, имале дури и повеќе активност од производите за кои се знаело дека содрќат БПА.

 
Важно е да се напомене дека ова е само една студија, но најверојатно и наредните студии ќе покажат слични резултати.
 
Што можеме да направиме за да ги заштитиме нашите најблиски? Еве неколку предлози:
 

  • Ограничете ја пластиката колку е можно повеќе.
  • Заменете ги пластичните матријали со такви кои не испуштаат хемикалии, како стакло.
  • Ако апсолутно мора да користите пластични материјали, немојте да ги ставате во микробранова печка и машина за миење садови, обидете се да ја ограничите изложеноста на сонце (како оставање на садот во кола) и избегнете користење за течности со кисела средина.