Висок притисок во бременоста
Хроничен крвен притисок е притисок кој бил присутен и пред бременоста или е дијагностициран пред 20 - та недела од бременоста. Овој вид на притисок нема да исчезне по раѓањето на бебето. Ако високиот притисок се појавил пред 20 -та недела, тоа значи дека најверојатно се работи за хроничен притисок, кој сте го имале и претходно, но не бил детектиран и не е поврзан со бременоста.
Стручњаците сеуште немаат целосно објаснување за тоа што го предизвикува високиот крвен притисок, но се знае дека улога имаат гените, исхраната и начинот на живот.
Пронајден едноставен тест за предвидување на прееклампсијата кај трудниците
Британските научници изумија нов тест за урина, кој точно би можел да го предвиди ризикот од прееклампсија - состојба опасна по животот, придружена со висок притисок, а се јавува исклучиво во бременоста.
Тимот научници од Лечестер отриле дека со анализа на протеините во урината на бремените жени може да се предвиди дали понатаму ќе се развие прееклампсија.
Засега количината на протеини редовно се прати кај бремените жени, затоа што таа е индикатор за ризикот кај жената.
Откритие дава надеж за третман на прееклампсијата
Научниците открија механизам кој го качува крвниот притисок кај прееклампсијата. Прееклампсијата е потенцијално смртоносна состојба во бременоста, која годишно во светски рамки го одзема животот на 50,000 жени и 500,000 бебиња.
После 20 години истражување, научниците од Кембриџ го разоткрија првиот чекор од процесот, кој го контролира крвниот притисок. Пронајдокот веројатно ќе има значителна примена во третманот на прееклампсијата, како и високиот крвен притисок и пронаоѓање на поефикасни лекарства.
Недостатокот од сон во бременоста носи ризик од прееклампсија
Бремените жени кои спијат помалку од 6 часа во текот на ноќта за време на раната бременост, во последното тромесечие имаат повисок крвен притисок за 4 mm на живиниот столб. Жените пак кои спијат помалку од 5 часа, имаат 9 пати поголеми шанси за развој на сериозното нарушување - прееклампсија.
Од друга страна и премногу сон не било добро. Жените кои спиеле повеќе од 10 часа во првото тромесечие имале двоен ризик за прееклампсија.
Намалувањето на тежината го намалува ризикот за компликации во бременоста
Намалувањето на тежината по породувањето е проблем за голем број жени, но намалувањето за само 5 кг може да го намали ризикот за опасни компликации во следната бременост кај жени кај кои веќе имало компликации во бременоста.
Прееклампсијата се карактеризира со висок крвен притисок, протеини во урината и отекување, може да влијае врз црниот дроб, бубрезите и системот за коагулација на крвта. Прееклампсијата е водечкиот фактор на смрт за врме на породувањето во развиените земји.
Прееклампсија
Што е прееклампсија
Прееклампсијата е состојба, која се јавува исклучително во текот на бременоста. Вообичаено се јавува после дваесетата седмица од бременоста. Прееклампсијата се одликува со висок крвен притисок и зголемено количество на протеини во урината. Освен овие, карактеристични симптоми за прееклампсијата се следните :
Компликации во бременоста
Бременоста е прекрасен период во животот на жената. Сознанието и чувствотото дека во нејзината утроба расте нов живот е благо речено чудесно. Тоа е време на интезивни промени како во телото, така и во психата на жената. Период полн со возбуди и радосно исчекување.
Најголемиот дел од бременостите поминуваат без некои поголеми проблеми.
Прееклампсијата е поврзана со намалена функција на тироидната жлезда
Во анализата биле комбинирани 2 одвоени студии. Првата студија покажала дека жените кај кои ќе се развие прееклампсија во текот на бременоста, во последните седмици од бременоста имале мало намалување на функцијата на тироидната жлезда.
Втората студија покажала дека жените кои имале прееклампсија во бременоста, имаат поголеми шанси за намалување на тиродината функција, после 20 и повеќе години од породувањето, од жените кои немале прееклампсија.


