Депресијата за време на бременоста може двојно да го зголеми ризикот од предвремено породување

Направена е студија која покажала дека жените со знаци на депресија имаат поголем ризик од предвремено породување. Колку знаците на депресија биле поизразени, толку бил поголем и ризикот.

Во студијата учествувале 791 бремена жена од Сан Франциско и неговиот окгруг и траела од Октомври 1996 г до Окомври 1998 г. Повеќето од жените (98,5%) не примале никакви антидепресиви, па тоа ја прави студијата поверодостојна, затоа што лекарствата не можеле да ги замаглат резултатите.

Истражувачите ги интервјуирале жените околу десетата седмица од бременоста и откриле дека кај 41% имало значителни или тешки знаци на депресија. Жените со помалку тешки знаци на депресија имале за 60% поголеми шанси за предвремено породување (пред да се навршат 37 седмици од бременоста). Жените пак со тешки симптоми на депресија имале двојно поголем ризик од предвремено породување.

Предвременото породување е главната причина за смртност кај бебињата и се уште не се знае што го предизикува. За здрава бременост е потребна здрава плацента, а врз нејзиниото формирање имаат улога хормоните кои се создаваат во мозокот.

Во студијата се појавија докази дека депресијата во раната бременост влијае во неуро-ендокрините патишта и со самото тоа и врз формирањето на плацентата.

Направени се многу студии кои ја проучуваат пост-наталната, односно пост-породилната депресија, но резулатите од оваа студија покажуваат дека е многу важно да се продолжи со истражување на депресијата уште во раната бременост, тоа во голема мера би можело да го наамали бројот на предвремени породувања.