Фотографски доказ бебињата во стомакот го чувствуваат стресот на мајката?

Social Buttons

Од: Твое Бебе on Вторник , 03/06/2014 - 09:36
неродено бебе

Со помош на 4Д ултразвук истражувачите направиле восхитувачки јасни 3Д слики на бебиња во стомакот на мајката. Се покажало дека бебињата на мајките под стрес, многу почесто ги допирале своите лица.

Слика од лицето на бебе во стомакот на мајката е нешто толку прекрасно, но студијата покажала дека кога мајките биле под стрес, се чувстувале беспомошно или под притисок, бебињата почесто со рацете ги допирале своите лица.

Сликите се направени така што со посебна 4Д машина се направени слики од различни агли за да се створи една јасна, тридимензионална слика, а потоа se снимени како видео за да се добие четврта димензија.

Во студијата учествувале 15 мајки, на кои во текот на бременоста им биле направени четири 4Д скенирања.

Пред да ги скенираат мајките, тие одговориле на прашалник за нивото на стрес кој го имале во изминатиот месец. Покасно истражувачите ги анализирале снимените видеа. Заедно на сите скенови бебиња (7 момчиња и 8 девојчиња) ги допреле своите лица 342 пати.

Научниците веруваат дека бебињата го чувствуаат стресот на мајката и потоа се обидуваат да се смират со моќта на допирот.

Како возрасни ние си ја држиме главата со двете раце, но за разлика од нас бебињата во стомакот на мајката преферираат да се допираат само со една рака.

Иако претходни студии покажаа дека бебињата го чувствуваат стресот на мајката, ова е прв фотографски доказ.

Студијата исто така покажала дека кога мајките биле под стрес бебињата почесто си го допирале лицето со левата рака. Ова е важно затоа што кај левучарите почесто се присутни аутизам, шизофренија, депресија и хиперактивност.

Др. Nadja Reissland вели:

Повеќето мајки се добро и не треба да се загрижуваат, но некои ќе треба да размислат да го намалат нивниот стрес.

Designed by Antsin.com