Бебињата ја паметат музиката што ја слушале додека биле во стомакот на мајката

Social Buttons

Од: Твое Бебе on Петок, 01/11/2013 - 09:29

Научниците им сугерираат на идните мајки да слушаат музика во која уживаат и приспивни песни. Тие тврдат дека тоа е добро за развој на мозокот на бебињата.

Невронаучникот Eino Partanen, кој учествувал во финската студијата вели:

Ако мајката за време на бременоста пее некои мелодии, веројатно е дека новороденчето ќе ги препознава.

А пеењето на тие исти мелодии ќе биде полезно кога ќе се обидува да го смири расплаканото новороденче.


Linda Geddes, автор на книгата Bumpology, вели дека неродените бебиња го поврзуваат опуштањето на нивната мајка со одредена песна.

Резултатите од студијата сугерираат дека мајките кои развиваат вкус за Моцарт, Вивалди или Бах во надеж дека ќе го подобрат развојот на нивното неродено бебе не си го трошат залудно времето.

Финските истражувачи на 12 трудници им дале ЦД и побарале од нив гласно да го пуштаат 5 пати во текот на неделата, за време на последните 3 месеци од бременоста.

После породувањето требало да го уништат ЦД-то за да бидат сигурни дека меморијата за песните доаѓа од бременоста.

Кратко после породувањето на бебињата им биле пуштени неколку песни кои се повторувале 3 пати на ЦД-то и биле мерени нивните мозочните бранови.

Кај првата група на бебиња, еден во секои 8 тона од песните бил променет.

Втората група на бебиња не била изложена на песните додека биле во стомакот на мајката.

Снимањето на мозочните бранови покажало дека мозочната активност на бебињата се засилувала кога ќе ги слушнеле познатите тонови. Колку повеќе мајката слушала некоја песна во бременоста, толку повеќе бебето ја препознавало.

Претходни истражувања покажаа дека новороденчињата памтат зборови од времето на бременоста на мајката и дека го препознаваат звукот на омилената сапуница на мајката.

Оваа студија покажува дека меморијата за песните трае барем во првите четири месеци од животот.

Истражувачите од Хелсинки велат дека изложеноста на музика на бебињата во стомакот на мајката е критична за развојот на мозокот на бебето.

Овие резултати покажуваат дека бебињата се способни да учат уште од многу мала возраст и дека ефектот од учењето останува во мозокот долго време.


Сепак, научниците предупредуваат дека ставањето на гласни звучници на стомакот на трудницата ќе донесе повеќе штета отколку корист и дека слушањето музика не мора да значи дека нивното бебе ќе биде надпросечно интелигентно.

Designed by Antsin.com