Добиле бебе после 22 години чекање

in Инспиративни стории

Пар добил ќерка после 22 години безуспешни обиди. Среќните родители се воодушевени и велат дека чекањето се исплатело.

Susan Comiskey (42) и нејзиниот сопруг Shane плачат од радост и велат: Таа навистина е чудо. Таа е дар.

Ќерката Ана е родена откако Сузан преижвеала 12 месечна борба против ракот, 2 операции за негово отстранување и терапија со зрачење.

Но нивната радост станала целосна кога ја добиле Ана на 2 Октомври.
 


Среќните родители со малата Ана

Парот кој потекнува од Австралија и Нов Зеланд од 2007 г. живеат во Ливерпул каде се пастори во црква во Вест Дерби.

Тие се обидувале да добијат бебе 22 години, уште од почетокот на нивниот брак. Сузан вели дека кога ќе ги прашале дали имаат деца, Шејн имал обичај да каже дека бебето е нарачано, но пратката сеуште не е стасана.

Пред 15 г. на Сузан и било кажано дека има проблем со хипофизата и дека лекарите веруваат дека тоа ја предизвикува нејзината неплодност. Во жлездата имало мал бениген тумор, кој предизвикувал зголемено ниво на Пролактин. Високиот Пролактин предизвикувал блокада на овулацијата, а со тоа и нередовни циклуси кај Сузан.

Откако се преселиле во Британија Сузан почнала да прима терапија која не само што го регулирала нејзиниот менструален циклус, туку и туморот почнал да се намалува. Со тоа шансите за бременост се зголемувале.

Но во 2008 г. на вратот на Сузан била откриена грутка, за која се испоставило дека е рак на тироидната жлезда.

Сузан вели дека таа знаела за грутката, но не и придала никакво внимание. Нејзиниот лекар веднаш се јавил на специјалист за канцерозни болести, и бил закажан преглед.
 

Беше ужасен шок сознанието дека имам рак. Си мислев на тоа дека ќе помине уште една година без шанса да имам бебе.
 

Сузан завршила со терапијата во 2009 г., но во Јануари наредната година почнала да чувствува мачнини.

Таа стравувала дека ракот се проширил, особено затоа што мачнините станувале се посилни. Таа вели:
 

Моите циклуси секогаш беа чудни и затоа не ги поврзав работите. Но после еден или два месеца си помислив: "Се прашувам..." и направив тест за бременост. Беше позитивен, речиси ќе се онесвестев.

Истиот ден направив 3 теста и сите беа позитивни, но сеуше не верував додека мојот гинеколог не го потврди тоа. Конечно го почнавме толку долго очекуваното патување.

Двајцата плачевме. На почетокот не кажавме никому и се прашувавме дали навистина бременоста ќе се одржи, дали навистина ќе се случи. Кога членовите во нашата црква дознаа за веста, беа воодушевени и некои од нив почнаа да плетат мали облеки.

Благодарна сум му на Др. Набил Азиз и Алисон Вагхорн.

Никогаш не се откажавме од надежта дека еден ден Бог ќе одговори на нашите молитви. Се надевам дека нашата приказна ќе биде инспирација за други луѓе, кои сеуште го чекаат нивното дете да продолжат да се надеваат и да се молат тоа да се случи.

 

Designed by Antsin.com