Мажите кои јадат многу заситени маснотии ја оштетуваат својата сперма

Мажите кои јадат многу заситени и мононезаситени маснотии имаат зголемен ризик од послаб квалитет на спермата.

Студија направена од Медицинското Училиште на Харвард, покажала и дека мажите кои јадат храна богата со здрави маснотии како омега 3 и омега 6 масни киселини имаат поздрава и поактивна сперма.

Заситените маснотии се наоѓаат во месните преработки како: сланина, шунка, колбаси, потоа во путерот, млечните производи итн. Мононезаситените маснотии пак се наоѓаат на пример во маслиновото масло.

Студијата покажа дека мажите од горната третина (која јадела најмногу незаситени масти) имала во просек за 41% помалку сперматозоиди во споредба со третината која јадела најмалку незаситени маснотии.
 

Исхраната има големо влијание врз плодноста кај мажите


Др. Jill Attaman вели:
 


Покажавме дека кај мажите кои јадат големи количества на маснотии, како незаситените и монозаситените маснотии постои поврзаност со намалена концентрација на сперма.
 


Полинезаситените масти пак кои се наоѓаат првенствено во рибата биле поврзани со подобрена морфологија и подвижност на сперматозоидите.

Морфологијата се однесува на формата и големината на сперматозоидите и е индикатор на плодноста.

Во испитувањето учествувале 91 маж, кои барале третман за подобрување на плодноста, но Др. Jill Attaman вели дека очекува сличен модел да се јавува и кај општата популација, иако треба да се направат понатамошни испитувања.

На мажите им биле поставени прашања за тоа колку често јадат одреден вид на храна, кои типови на масло го користат при готвењето и видот на маргарин кој го консумираат.

Мажите во горната третина внесувале по 13% заситени масти од вкупниот број на калории, а оние во долната третина внесувале по 8%.

На прашањето дали ова има голема улога во способноста за татковство, Др Jill Attaman одговара дека тоа зависи од мажите:



Оние чиј број на сперматозоиди се наоѓа во граничните вредности ќе имаат поголем ефект од оние мажи со здрава бројност на сперматозоидите.
 


Таа додава дека точната причина за оваквите резултати сеуште не е утврдена и дека се потребни дополнителни испитувања. Но промените во исхраната не се важни само за репродуктивното здравје, туку се полезни за здравјето во целина.