Внимание: Шеќерот е уште поштетен од тоа што се мислеше

Шокантна студија покажа дека консумирањето на количества на шеќер што спаѓаат во рамките на дозволените количини има многу тешки последици врз здравјето и репродукција кај цицачите.

Студијата била спроведена врз глувци, на кои им било давано еквивалентно количество на шеќер, колку што би консумирал човек кога би испил 3 лименки газирани пијалоци.

Освен тоа, за студијата да биде поверодостојна наместо во тесни кафези, глувците биле чувани во услови кои ги имитирале нивните придодни опкружувања, каде можеле да дојдат до израз нивните компетативни однесувња во поглед на храната, територијата, партнерите за парење итн.

Резултатите биле поразителни. Kај женките било забележано двојно зголемување на смртноста. Кај мажјаците пак се јавила неплодност и незаинтересираност за да си ја зачуваат територијата, бројот на бебиња опаднал за 25%.

James Ruff, еден од авторите на студијата вели дека иако кај глувците немало забележливи знаци на дебелина или дијабетис, сепак тие почесто умирале, а поретко се пареле.

Студијата покажала дека токсичните ефекти на хранењето на глувците со оваа количина на бел шеќер биле исти како во случај на инбрединг - или парење помеѓу блиски сродници.

Количеството шеќер што го добиле глувците било еквивалент на здрава исхрана + 3 лименки газиран пијалок, а многу луѓе дневно консумираат повеќе шеќери од ова.

Тука можете да прочитате кои пет храни можат да ви помогнат да го намалите внесувањето на шеќер во организмот.