Бразилски ореви (селен) за подобра плодност кај жените

бразилски ореви

Селенот, кој се наоѓа во големи количини во бразилските ореви, потоа во црвеното месо, морската храна итн. одамна се знаеше дека игра важна улога во машката плодност. Но, сега научниците открија дека селенот има клучна улога и во развојот на фоликулите кај жените - кои пак се одговорни за производството на јајце клетките.

Melanie Ceko, од Универзитетот во Аделаида, која е водач на студијата, вели:

Селенот е есенцијален микро елемент, кој се наоѓа во храната богата со протеини, како црвено месо, морска храна и бразилските ореви.

Тој е важен за многу биолошки функции, како имунолошкиот одговор, производството на тироидни хормони и делува како антиоксидант, помагајки во детоксификација на организмот.

Веќе некое време знаевме дека селенот е важен за машката плодност, но се досега никој немаше испитано како овој елемент може да биде вклучен во здравата репродукција на жените.

Како дел од студијата, научниците точно откриле во кој дел од јајниците се наоѓа селенот. Потоа тие го свртеле вниманието на протеинот кој содржи селен, наречен GPX1.

Резултатите откриле дека нивото на селен и протеини, кои содржат селен било повисоко во големите, здрави фоликули - кои што ги произведуваат јајце клетките.

Melanie Ceko вели:

Претпоставуваме дека играат важна улога како антиоксидант во доцните стадиуми од развојот на фоликулите, помагајки да се створи здрава средина за јајце клетката.

Во некои случаи јајце клетките кои доведуваат до бременост имаат двојна количина на GPX1 - протеинот, кој е богат со селен.

Истражувачите се надеваат дека нивните откритија ќе им помогнат на жените со проблем со неплодност.

Понатамошни испитувања треба да дадат увид и подобро разбирање на тоа како да се оптимизира нивото на селен за да се зголемат шансите за зачнување.