За познатите

Фото: Патрик Демпси на Хаваите со семејството

Познатиот актер од Grey's Anatomy, Патрик Демпси (45) поминува тивок одмор со своето семејство на плажа на Хаваите.

Патрик и неговата сопруга Џилијан се забавуваат со 9 годишната ќерка Талула и 4 годишните близнаци Саливан и Дарби.

Фото: Орландо Блум и Миранда Кер на аеродром со бебето

Ретко што го топи срцето на една жена, како глетка на згоден маж, кој држи бебе, особено ако тој човек е Орландо Блум. Сепак неговиот тримесечен син Флин успева до го фрли таткото во сенка, момченцето е преубаво.


Среќно семејство: Орландо Блум го носи Флин, додека заедно со мајката Миранда Кер пристигнуваат на ЏФК аеродромот

Мел Би и Дениел Лоид ги заменија широките труднички алишта со припиен гламур

Мел Би е во очекување на нејзиното трето дете, но нема намера да се откаже од ноќните излегувања. Фотографирана е при посета на ресторан, каде вечерала со нејзин пријател.

Мел носи ултра краток широк фустан, со процепи на ракавите. Претходно беа објавени фотографии, на кои ужива покрај базен со сопругот и една од керкичките, каде се гледа воодушевувањето на малото девојче.

Виткторија Бекам веќе не успева да со сокрие стомакот

Иако досега Викторија Бекам успеваше со широките алишта да го сокрие трудничкиот стомак, тоа повеќе не и успева. Таа и понатаму носи "стратешки" алишта, но бременоста во шестиот месец веќе се познава.

Викторија и Дејвид Бекам имаат 3 момчиња и се во очекување на четвртото дете, за кое потврдија дека ќе биде девојче.

Сликана е на аеродромот во Лос Анџелес, со внимателно искомбинирана облека и додатоци.

Фото: Ќерката на Mel B е воодушевена од малото бебенце во стомакот на мајка си

Некои дечиња не се навикнуваат лесно на мислата за доаѓањто на уште едно дете во семејството, но се чини дека малата Ангела е воодушевена од стомакот на мајка си. На сликите може да се види како го бакнува стомакот на мама, па и се чини дека нешто му зборува на бебето внатре.

Слаткото девојче го бакнува стомакот на Мел Би

Хелена Бонам Картер: И славните мајки се уморуваат

Хелена Бонам Картер на денот на мајките на прошетка со Тим Бартон и нивните 2 деца.

Уморот јасно се гледа на лицето на актерката, сепак и познатите мајки се како и сите мајки, а уморот е неизбежен зарен не?

Прозевката не може да се задржи

Род Стјуарт го доби осмото дете

Ајден е осмото дете на Род Стјуард.

Двојката очекувала дека со зачнувањето на второто дете нема да имаат никаков проблем, како што било и со првото. Но нивните очекувња ги изневериле. Тие решиле да се обидат со ин витро оплодување. Третиот циклус на ин витро бил успешен.

Род и Пени биле толку нервозни што ја криеле бременоста колку можеле подолго.


Род вели дека Ајден личи на него

Кејт Волш заради немањето деца се чувствува како губитник

Кејт Волш (43) е ѕвезда на хит серијата "Приватна пракса", но тоа не е доволно за да ja направи да се чувствува целосна.

Tаа вели дека очекувала дека досега ќе биде мажена и ќе има деца.

Се чувствувам како губитник. Јас дефинитивно би сакала да бидам родител. Но, јас дефинитивно не мислам дека тоа сакам да го направам сама.

Сандра Булок ужива со синот

Сандра Булок (46) ја игра својата омилена улога на мајка, додека има слободен ден од снимањето на нејзиниот нов филм .

Во игра со синот и уште едно детенце

Сандра иако е добитничка на Оскар, се чини дека цврсто стои на земја и како и секоја мајка ужива во игра со својот син.

Анџелина Џоли и Бред Пит во прошетка со своите шест деца

Нивните родители можеби се една од најпознатите двојки во светот. Но, кога станува збор за поминување на заедничко квалитетно време, се чини дека кланот Бранџелина е како и секое обично семејство.

Pages

Designed by Antsin.com