За познатите

Мараја Кери потврди дека е бремена

Мараја (41) ја потврди бременоста со нејзиното прво дете. Таа заедно со сопругот Ник Кенон (30) ја очекуваат приновата на пролет.

Мараја кажа дека и двајцата се апсолутно многу емотивни во врска со бременоста.

Таа не сака да го открие терминот за породување и вели дека сеуште е рано за тоа.

Мат Дејмон доби уште една ќерка

Мат Дејмон и неговата сопруга Лусијана Баросо го пречекаа нивното четврто девојче Стела Завала Дејмон.

Портпаролот изјави дека мајката и бебето се здрави и целото семејство е возбудено.

Мат (40) и Лусијана (35) се земаа во 2005 г. Тие веќе имаат 3 ќерки: Изабела - 4, Гија - 2 и Алексис - 11 години од претходниот брак на Лусијана.

Адриана Лима се чувствува посекси откако станала мајка

За разлика од поголемиот број жени кои после породувањето се чувствуваат непривлечни, познатиот модел на Victoria’s Secret вели дека имањето на бебе всушност ја прави да се чувствува посекси.

Заљубена сум, ова е најдобрата работа која било кога сум ја направила.

Сандра Булок ужива во улогата на мајка


Сандра Булок со Луис

Сандра Булок ја доби титулата намоќна светска актерка, но јасно е дека она што неа и е важно е нејзината улога на мајка.

Иако познатата оскаровка добива милионски суми за своите филмови, она во што најмногу ужива е улогата на мајка на нејзиниот 10 месечен син Луис.

Алиша Кис за прв пат во јавност со синот

Пејачката Alicia Keys (29) и нејзиниот сопруг Kaseem Dean (32) го добија нивниото прво дете Egypt Daoud Dean во четвртокот на 14 Октомври.

Касим веќе има 3 деца, но ова е неговото прво дете со Алиша.

Парот се венча минатиот Јули, на крајбрежјето на Корзика, во присуство на блиски пријатели. Касим изјави дека се возбудени од помислата да основаат заедничко семејство.

Андреа Рот го фали "прекрасниот" вереник

Ѕвездата од "Rescue me" е силно вљубена во својот вереник Тод Биерман, а според нејзините зборови има за што да биде така.

Андреа (43) имаше тешка бременост, а за цело време неговата ведрина го подигала нејзиното расположение.

Bill и Giuliana Rancic за спонтаниот абортус

Бил (39) и Џулијана (36) отсекогаш биле отворени кон нивната публика во врска со нивниот живот. Тие не криеја дека се обидуваат преку ин витро постапка да дојдат до потомство.

Откако желбата за бременост не им се остварила ниту после една година обиди, парот решил да побара лекарска помош. Прво бил направен обид со инсеминација, а откако не успеал, решиле да направат ин витро оплодување.

Алиша Кис блеска во осми месец на добротворен бал

Иако има само уште еден месец до породувањето, Алиша Кис не остана да седи дома и да одмара.

Таа не се воздржа да се појави како домаќинка на годинешниот Црн Бал, за својата добротворна мисија Keep A Child Alive, во Њујорк.

Иако во поодмината бременост, Алиша е олицетворение на елеганција и сјае во креација на Долче и Габана. Косата исто така има елегантна линија, а на нозете носи рамни сандали.

Кетрин Хејгл за пелените

Поранешната ѕвезда од Grey’s Anatomy е горда мајка и експерт за менување на пелени.

Таа на прес конференција изјави:

Сега сум професионалец, можам да го направам тоа навистина брзо.

Сара Џесика Паркер сака да менува пелени

По гламурозната посета на Лондоската Модна Недела Сара Џесика Паркер повторно се враќа на своите секојдневни обврски.

Фотографирана е во Њујорк како ги носи 15 месечните близнаци Табита и Хоџ на лекар.

Pages

Designed by Antsin.com