Mariah Carey и Nick Cannon ја прославија третата годишнина од бракот со уште една пресвртница - тие станаа родители на девојче и момче.
Парот сеуште не решил кои имиња ќе ги добијат бебињата.
Мараја која веќе претходо имала лажни болки, била смирена, мислејќи дека се работи за уште една лажна тревога.
Во меѓувреме Ник бил толку нервозен што заминал во погрешен оддел во болницата и бил одведен во мајчинското одделение, од една од медицинските сестри.