За познатите

Натали Портман гламурот од црвениот тепих го замени со практична трудничка облека, по примањето на Оскар

Натали (29), која е бремена со своето прво дете, високите потпетици веднаш ги замени со удобни рамни чевли на појадокот во Лос Анџелес, после ноќта на добивањето на Оскар за најдобра актерка.

Таа е фотографирана во придружба на нејзиниот свршеник и кореограф во Црниот Лебед -Бенџамин.

Ѕвездата призна дека со нетрпение очекува да заврши церемонијата и да ги стави нозете горе.

Викторија Бекам: Бременост со стил

"Toa што една жена e бременa, не значи дека треба да ja напушти својата смисла за стил."

Кога Викторија остана бремена со своето прво дете - Бруклин, таа сеуште беше Спајс девојка и заедно со бремената Мел Б, на сцената кон крајот на '90-те години имаа сосема поинаков стил на облекување, од она што е денес.

Бремената Натали Портман избрана за најдобра актерка и го дели почесното прво место за најдобро облечена со Никол Кидман

Ѕвездата на Црниот лебед, која е бремена со своето прво дете, беше прогласена за најдобра актерка во Санта Моника на Spirit Awards, што е верзија на доделувањето на Оскарите.

Освен наградата за најдобра актерка, филмот на манифестацијата освои уште 3 други награди, помеѓу кои и за најдобар режисер и најдобра кинематографија.

Tрилерот Црниот Лебед, претходно беше номиниран во 5 категории на доделувањето на оскар.

Кристина Апелгејт: На црвениот тепих 4 недели по раѓањето на бебето!

на црвениот тепих

Таа се врати и е подобра од било кога!

Само еден месец по раѓањето на ќерката Ејкман Грејс, Кристина сјаејки се појави на црвениот тепих во убава, широка, црно - бела туника и еластични фармерки со тесни ногавици, на премиерата на Hall Pass на 23 февруари, во кој ја има главната улога.

Аланис Морисет го прифаќа родителството со отворени раце

Откако навлезе во родителството пред 8 недели, Аланис Морисет вели дека открвањето на "новото нормално" за мајчинството и било "откровение".

"Јас сум исполнета со благодарност и инспирација ", вели пејачката (36), во еден пост на нејзината Фејсбук страница.

"Многу сум благодарна за сите честитки кои ги испративте до мене и Соули. Ние сме длабоко допрени од вашата љубезност."

Кристина Апелгејт: Држењето на Сејди врз градите беше најдоброто нешто

Моментите по породувањето за Кристина Апелгејт биле исклучително длабоки, таа ја спуштила својата одбрана и ја привлекла ќерката Сејди Грејс на нејзините гради. Кристина после двојната мастектомија во 2008 година, била многу чувствителна на тој дел од своето тело и го чувала внимателно.

"Ја спуштив мојата наметка, нешто што инаку не го правам", изјави ѕвездата (39) во интервју за шоуто на Елен Деџенерис.

Никол Кидман: Очајно сакав уште едно дете

Постојат некои работи, кои за Никол Кидман (43) се лесни, - на пример, нејзината способност да се навлезе во некоја улога пред камерите. Но, кога станува збор за мајчинството, добитничката на Оскар и сегашна кандидатка за најдобра актерка - е нешто со што таа секогаш се борела.

Селин Дион ги покажа своите близнаци, во нивниот голем бел дом

Секој родител знае дека љубопитните бебињата и нешто бело не се најдобра комбинација.

Но додека бебињата на Селин Дион сеуште не стасале во фазата на одење и фаќање на се, можеби ќе се предомисли. Селин ги отвори за јавноста, вратите на својот прекрасен дом.


Селин Дион покажува некои интимни моменти со нејзините близнаци за претстојната емисија на Опра

Зошто Кејт Хадсон ја држеше бременостa во тајност

Ако некогаш Кејт Хадсон се понаша како бременоста да не е ништо страшно, тоа е само глума.

Актерката, 31, кој очекува бебе со рокерот Метју Белами, вели дека таа се привикнува на нејзината улога како мајка - а тоа значи издржување на утринските мачнини.

Гвинет Палтроу признава дека не се придржува до сопствените совети за другите родители

Таа е повеќе од среќна кога може да дава совети на други родители. Но кога се работи за нејзините сопствени деца вели дека не е многу добар пример.

Палтроу во интервју откри дека шест-годишната ќерка Епл отсуствувала од училиште за тие двете да отидат заедно на ручек и во салон за убавина.

Pages

Designed by Antsin.com