Пушењето во бременоста го зголемува ризикот од Синдром на ненадејна смрт кај бебињата
Познато е дека бебињата на мајките кои пушат имаaт поголем ризик од Синдромот на ненадејна смрт или смрт во колевка (SIDS), но сега научниците мислат дека открија зошто се случува тоа.
Тие сметаат дека виновник за зголемениот ризик е влијанието на никотинот врз развојот на центрите во мозокот кои го регулираат дишењето.
Научниците откриле дека бебињата на жените кои пушеле во текот на бременоста имале почести епизоди на паузи во дишењето - апнеа.

Пушењето во бременоста носи двоен ризик за SIDS
Синдромот на ненадејна смрт е главната причина за смрт кај бебињата во првата година од животот, а поврзаноста помеѓу зголемениот ризик од него и пушењето во бременоста е нешто што е добро познато.
Пушењето во бременоста носи 2 пати поголем ризик од синдромот и придонесува и за предвремено раѓање, што од своја страна е уште еден ризичен фактор за синдромот.
Досега не беше познато на кој начин хемикалиите во бременоста го зголемуваат ризикот.
Истражувачите од Детската билница во Синсинати, Охајо, ги анализирале резултатите од повеќе студии.
Тие откриле дека изложеноста на никотин во бременоста го променувала и го компромитирала шаблонот на дишење кај бебињата.
Бебињата на мајките кои пушеле во бременоста имале подолги паузи во дишењето и намалена способност за да се разбудат од сонот кога има помала количина на кислород.
Др. Harold Farber вели: Резултатите ја покажуваат важноста на превенцијата на развој на зависност од никотин кај девојките во адолесенцијата и важноста на третманот за ослободување од никотинската зависност пред бременоста.
Можеби кога девојките ќе се ослободат од оковите на никотинската зависност ќе можеме да кажеме: Поминавте долг пат... за вашето бебе.


