Се разведруваме кога ќе видиме слика од мајката
Мајката секако дека има посебно место во нашето срце, но испитувањата покажуваат дека таа има посебно место и во нашиот ум.
Една студија покажа дека поглед на лицето на мајката ги возбудува клетките во мозокот повеќе отколку слики од други луѓе, познати личности и таткото.
Поврзувањето кое се создава поемѓу мајката во првите месеци и првите години од животот, обезбедува таа да не биде далеку од неговиот ум и многу години покасно.
Тајниот живот во матката и поврзување со бебето
Во западната култура се смета дека родителството започнува со раѓањето на бебето. Овој поглед на работите е наметнат од научници кои врз бебето гледале како на физичка материја. Особено како погрешен се покажува ставот за "неспособноста на мозокот" на нероденото бебе да памети, учи, да искуси траума, емоции итн. се до раѓањето. Се испостави дека животот на нероденото бебе е многу побогат од тоа што се веруваше.


