Јадењето на мрсна риба во бременоста ги намалувања шансите за пост-породилна депресија и му помага на бебето
Омега-3 масните киселини кои се наоѓаат во мрсната риба, може да ви помогнат да ја победите пост породилната депресија.
Јадењето риба за време на бременоста може да ги намали шансите на жената за развој на постнатална депресија.
Резервите кои се складираат во текот на бременоста го штитат менталното здравје на жената, во наредните месеци после породувањето.
Постнаталната депресија се јавува кај околу 13% од новите мајки - и во сериозни случаи може да трае подолго од една година.
Рибата во бременоста е добра за мајките и бебињата
Сепак, премногу јадење мрсна риба во текот на бременоста може да биде лошо за развојот на бебето, па експертите велат дека е важно мајките да направат рамнотежа при обидот да го зголемат нивното ниво на омега-3 масни киселини.
За оваа студија, 26 жени земале капсули со рибино масло, кое содржеле по 300mg омега-3 масни киселини, пет пати неделно, од околу 24-тата недела од бременоста.
Други 26 трудници примале плацебо капсули, кои содржеле масло од пченка.
Откако нивните бебиња биле родени, жените требало да пополнат прашалник. Оние кои земале омега-3, имале подобри резултати на прашањата, кои биле поставени со цел да се откријат симптомите на постпородилна депресија.
На пример, тие имале помала веројатност да кажат дека страдаат од анксиозност или губење на самопочит.
Др. Michelle Price Judge од Универзитетот на Конектикат вели:
Потрошувачката на омега 3 за време на бременоста - на нивоа кои разумно се добиваат преку храната - има потенцијал да ги намали симптомите на пост-натална депресија.
Таа додава дека и покрај тоа некои жени преферираат да ги земат маслата во форма на капсули, јадењето риба е похранлива опција.
Заради загриженоста што некои риби кои се богати со омега-3, исто така содржат повисоки нивоа на токсични загадувачи, како жива, трудниците се советуваат да внимаваат на дозата риба која ја јадат.
Мрсна риба, вклучувајќи: скуша, сардини, лосос и пастрмка не треба да се јаде повеќе од два пати неделно.
Ајкула, сабјарка и океанска риба да не се јаде воопшто во бременоста, а туната да се ограничи на две парчиња неделно
Д-р Carrie Ruxton, вели дека жените во првите три месеци од бременоста не треба воошто да земаат масло од црн дроб.
Омега-3 додатоцте може да се земаат во текот на бременоста, но само доколку не содржат витамин А, за кој се знае дека може да делува тератогено врз плодот.
Претходни истражувања покажаа дека бебињата кои "се хранат" со риба уште додека се во утробата на мајката, имаат полза од тоа во месеците и годините што доаѓаат, односно покажале дека имаат подобра комуникација и социјални вештини, на возраст од седум години.


