Бомбици од моркови

Еве еден интересен начин како да ги научите децата дека и зеленчуците можат да бидат превкусни. А бомбиците се прават толку лесно што и тие самите можат да ви помогнат во нивното правење. Ако не друго, барем ќе можат да ги извалкаат во кокосот, а што е позадоволно од дете што и помогнало на мама и спремило нешто толку вкусно.

Наместо шеќери и адитиви, вашите деца ќе имаат здрав десерт.

Потребно:

2 моркова
5-6 суви смокви
1 чаша бадеми и лешници (или ореви)
1/2 чаша брусници
1/2 кафено лажиче цимет
2 лажичиња мед

кокос за валкање

Подготовка:

Бадемите и лешниците оставете ги околу еден час да стојат во сад со вода, потоа исплакнете ги. Измијте ги морковите и изрендајте ги. Ставете се заедно (јатките, смоквите, брусниците, циметот и медот) во блендер и добро испасирајте ја смесата. Од смесата направете топчиња и извалкајте ги во кокос.

Наздравје!