Брз сладолед

Децата често пати сакаат да и помагаат на мама. Ова е еден многу едноставен рецепт, во чија подготовка ќе можете да ги вклучите и малите готвачи.

Состојки:

500 мл Слатка павлака
500 мл Овошен јогурт
Свежо овошје по желба

Припрема:

Изматете ја добро павлаката, потоа додадете го овошниот јогурт и продолжете да матите со миксерот уште 3-4 минути. Додадете го овошјето и ставете во замрзнувач.


Кога ќе го послужувате сладоледот, можете да го сервирате со свежо овошје.