Човек собирајки шишиња спасил бебе од контејнер
Social Buttons
Минатата недела во Калифорнија Jorge Miranda, барајки конзерви и шишиња низ еден од контејнерите внатре пронашол мало бебе, кое имало само неколку часа. Бебето било замоткано во крпа и се наоѓало под кутии од пица и пластични шишиња.
Тој веднаш почнал да вика за помош. Еден од луѓето кои го слушнале вели дека Миранда бил исплашен и шокиран. Потоа човекот го завтикал бебето во својата кошула и повикал брза помош.
Миранда ги запрашал медицинските лица дали може да го именува бебето Миранда (Чудо). Тој вели:
Беше чудо што таа беше таму, беше чудо што беше најдена. Благодарен сум што не беше ден кога се собира ѓубрето.
За да се избегнат овакви настани во Калифорнија од 2001 г. постои закон за "Безбедно предавање". Според овој закон, болниците, полициските и пожарникарските станици се места на кои може да се остави бебе старо до 3 дена, без никој да поставува прашања.



