Близначиња се родиле на растојание од 7 недели и во различни години
Social Buttons
Жена од Романија, ги родила своите близнаци на речиси 2 месеци растојание. Нејзиното породување започнало во Ноември 2014 г., кога била во седми месец од бременоста. Тогаш се родила нејзината прва ќерка.
Лекарите очекувале наскоро да пристигне и вториот близнак, но контракциите запреле и таа ја износила втората ќерка уште 7 недели. Конечно, второто девојче се родило во Јануари 2015 г со царски рез.
Првото близначе тежело помалку од 900 гр, а второто 1,5 кг.
Лекарите од болницата објаснуваат дека овакви случаи се екстремно ретки, дури не се ни познати механизмите кои ги запреле контракциите откако се родило првото бебе. Тие велат: Ништо помалку од Божјо чудо!
Тие велат дека мајката е многу среќна што успеала да го доноси второто бебе уште 7 недели, бидејки бебињата биле мали. Таа нагласува дека во некои земји толку предвремено родени бебиња добро напредуваат, но дека во некои земји имаат помал успех.
Близначињата останале во болница до крајот на Јануари, сега се дома и добро напредуваат.
Инаку рекордот го држат близнаците Ејми и Кети, кои се родени во 2013 г., на дури 3 месеци растојание една од друга. (подолу на сликата)
Нека се живи и здрави сите!






