Како ќе ве промени мајчинството

Веќе нема да ви биде толку привлечен мирисот на розите, оти ќе го имате своето бебе во раце.

Некогаш сметавте дека сте бестрашни, а сега ќе сфатите дека се плашите за некој друг.

Жртвите што мислевте дека треба да ги направите за бебето, веќе не изгледаат како жртви.

Конечно го почитувате своето тело.

Откривте дека болката на бебето е многу пострашна од вашата.

Повторно верувате во работите во кои верувавте кога бевте дете.

Имате посебна почит за родителите.

Срцето полесно ви се крши.

Мислите на некој друг 124 547 365 258 985 пати во текот на денот.

Секој ден е изненадување.

Откривате колку многу работи има да се кажат за еден заб.

Телесните функции веќе не ви се гадни, напротив. Откривате колку радост носи едно какање.

Најубавите разговори ви се состојат од само една самогласка, како аааа, ооо и сл.

Ништо повеќе не е само ваше.

Не ви пречи да си легнете во 21 часот во петок вечер.

Сфаќате дека тие неколку килограми кои не можете да ги симнете, навистина вределе.

Откривате дека туширањето е луксуз.

Во огледало го гледате бебето наместо себе.

Вашата љубов станува безгранична суперсила.

Сакате светот да го направите подобро место.