Мајка очекувала да роди идентична тројка, но ја чекало огромно изненадување
Social Buttons
Kimberly Fugate, мајка од Мисипи, знаела дека е бремена со идентична тројка. Откако поминало напорното породување и се родиле сите три девојчиња, таа била спремна за толку многу потребниот одмор. Работите не оделе како што мислела, наеднаш го слушнала лекарот како извикал: Уште стопала!
Се испоставило дека Кимберли носела идентична четворка, статистички вистинска реткост.
Четвртото бебе некако успеало да не биде забележано на бројните ултразвучни прегледи, се додека не се појавило после нејзините три сестрички.
Близначките се родиле 3 месеци предвреме, еден ден пред нивната мајка да наполни 42 години.
Сите четири бебиња биле на одделот за неонатална интезивна нега, затоа што се родиле речиси 13 недели пред термин. Тие сеуште се
Др. James Bofill, проф. по мајчина фетална медицина, вели дека шансите да се зачне идентична четворка се астрономски ретки, особено што Кимберли останала бремена без лекови за потпомогнато оплодување или други третмани.
Тој вели дека шансите да се роди спонтана четворка се еден на 729.000 живородени породувања, а шансите да се роди идентична четворка се нериси непресметливи.
Родителите веќе имаат 10 годишна ќерка. Тие имаат основано Facebook страна, на која го објавуваат прогресот на четворката.

Сите 5 сестрички





