Моето неродено дете ми го спаси животот
Social Buttons
Џени Первис, мајка од Џорџија, своето бебе го нарекува чудо бидејки и го спасило животот. Се било во најдобар ред со бременоста, се до оној момент кога во 27 недела, на контрола, лекарот открил дека Џени има висок притисок.
Потоа и била дијагнотстицирана преекампсија и била прегледана со ултразвук. Ултразвукот покажал дека дотекот на крв во плацентата бил отсечен и лекарите решиле итно да ја породат со царски рез.
Ќеркичката тежела само еден килограм, но се било во ред со неа. Џени кажува:
Беше убава, но малечка. Беше страшно. Но, таа веќе плачеше, што беше добар знак.
Дотогаш лекарите ги надгледувале цистите на јајниците на Џени, за кои сметале дека не се загрижувачки и дека дури и се намалуваат. Но реалноста била поинаква, за време на царскиот рез тие ги приметиле и ги отстрание двата големи тумора од јајниците на Џени, заедно со поголем дел од јајниците.
Биопсијата на туморите покажала дека Џени имала рак на јајници. Таа вели:
Претпоставувам дека бев многу наивна. Лекарот влезе и ми кажа дека е рак на јајниците. Не помислував дека 29 годишна девојка може да добие рак на јајници.
Џени поминала низ хемотерпија, а понатаму ќе и биде направена и хистероктомија, но таа е благодарна што малата ќеркичка помогнала да се открие ракот. Таа вели дека целата ситуација ја променила:
Сега веќе не се потам за малите работи. Не земам ништо здраво за готово. Благодарни сме што сме дома, бевме отсутни толку долго.
Не ја замислувавме овака нашата прва бременост, но тоа дефинитивно не зближи сите. Само ги броиме нашите благослови. Се чувстувам благословена што можам да го имам ова убаво бебе- нашето мало чудо. Ја викаме "Чудото Мае". Таа дојде за да ја спаси нејзината мама.





