Јас сум детето
Јас сум детето кое не може да зборува. Често ме сожалуваш, го гледам тоа во твоите очи. Се прашуваш за колку сум свесен - Го гледам и тоа. Свесен сум за многу - Дали си среќна или тажна или уплашена, трпелива или нетрпелива, полна со љубов и желба, или пак само си ја извршуваш твојата должност кон мене. Се чудам на твојата фрустрација, знаејки дека мојата е многу поголема, затоа што не можам да си ги искажам потребите како што ти можеш.
Не можеш да ја разбереш мојата изолација, понекогаш е толку целосна. Не те дарувам со умен разговор, слатки забелешки на кои ќе се смееш и ќе ги повторуваш. Не ти давам одговори на секојдневните прашања, не ти кажувам како сум, не ги споделувам моите потреби и не коментирам за светот околу мене. Не ти ги дарувам наградите според световните стандарди - напредокот во развојот за кој би си ги земала заслугите. Не ти дарувам такво разбирање какво што познаваш.
Она што ти го давам е многу поскапоцено - Ти давам разбирање за укажаните прилики. Можности да ги откриеш длабочините на твојот карактер, не мојот; длабочината на твојата љубов, твојата посветеност, твоето трпение, твоите способности; можност да го проучиш твојот дух подлабоко од што мислеше дека е можно. Те терам да одиш подалеку од она што го одиш сама од себе, работејки напорно, барајки одговори на прашањата без одговори. Јас сум детето кое не може да зборува.
Јас сум детето кое не може да оди. Изгледа како светот да минува покрај мене. Го гледаш копнежот во моите очи да станам од столов, да трчам и да си играм како и другите деца. Има многу работи кои си ги земаш здраво за готово. Ги сакам играчките од полицата, морам во тоалет, ох повторно ми падна вилушката. Јас зависам од тебе во сите овие нешта. Мојот дар за тебе е да направам да бидеш посвесна за твојата голема среќа, за твојот здрав грб и нозе, за твојата способност да се грижиш за себе. Понекогаш изгледа како луѓето да не ме забележуваат. Јас секогаш ги забележувам нив. Не чувствувам толку завист колку копнеж, копнеж да станам исправено, да ја ставам едната нога пред другата, копнеж да бидам независен. Ти давам свесност. Јас сум детето кое не може да оди.
Јас сум детето со интелектуална попреченост. Не учам лесно, ако ме мериш по световните стандарди, она што го знам е безгранична радост во едноставните нешта. Не сум оптеретен како тебе со борба и конфликти на покомплицираниот живот. Мојот дар за тебе е да ти дадам слобода да уживаш во работите како дете, да те научам колку ми значи кога твоите раце се околу мене, да ти дадам љубов. Ти го давам дарот на едноставноста. Јас сум детето со интелектуална попреченост.
Јас сум детето со попреченост во развојот. Јас сум твојот учител. Ако ми дозволиш, ќе те научам што е навистина важно во животот. Ќе ти дадам и ќе те научам на безусловна љубов. Ти ја дарувам мојата невина доверба, зависам од тебе. Те учам колку е скапоцен овој живот и за не земањето на нештата здраво за готово. Те учам да заборавиш на твоите сопствени потреби, желби и соништа. Те учам на давање. Најмногу од се, те учам на надеж и вера. Јас сум детето со попреченост во развојот.
Непознат автор