Оштетување на видот
Слепило и оштетување на видот
Слепилото преставува нeможност за гледање. Може да има разни ораничувања на една или повеќе функции на очите: острината на видот, адаптацијата на темнина, распознавањето на бои или ограничување на функцијата на периферниот вид.
Нарушувањето на видот може да се јави како резултат на: болести на окото, болести на оптичкиот нерв, болести на окципиталната јама, нарушување на подвижноста на очите итн.
Симптоми на нарушување на видот или слепило
- Очите се повлечени во едниот од аглите.
- Очите постојано се движат, тн. танцувачки очи.
- Зениците може да бидат изразено големи или изразено мали.
- На возраст од 3-4 месеци бебето се уште не ги следи предметите со поглед.
- Не трепка и не ги затвора очите при силна ненадејна светлина.
- Не посега да ги земе предметите кои се наоѓаат пред него.
- Ги трие или си ги фаќа очите.
- Не воспоставува контакт со очи.
- Бебето е склоно кон самостимулирачки активности, како нишкање, мрдање со главата и сл.
Постојат многу болести кои можат да го оштетат видот. Еве некои од нив:
Амблиопија
Амблиопијата е состојба при која видот во раната возраст не се развива соодветно, како резултат на тоа што окото и мозокот не работат заедно како што треба. Обично се работи за едното око и оваа состојба уште е позната како мрзливо око. Видот на окото е замаглен, но децата најчесто не се жалат, затоа што тоа го сметаат за нормално. Препрачлово е уште рано да се почне со терапии, затоа што во спротивно може да дојде до трајни оштетувања на видот. Постојат повеќе третмани на амблиопијата: вежби, наочари, покривање на здравото око за да се натера мрзливото око да работи или хируршки зафат.
Анофталмија
Кај ова нарушување не доаѓа до формирање на едното или на двете очи уште во текот на бременоста. Носењето на протеза око го олеснува правилното растење и развивање на очните дупки и коските на лицето.
Астигматизам
Астигматизмот предизвикува заматен вид, може да предизвика бегање на окото или главоболки. Се корегира со наочари или пак со хируршки зафат. Се употребуваат истите третмани како и кај амблиопијата.
Катаракта
Катаракта или перде на очите. Кај оваа состојба доаѓа до заматување на леќите на окото.
Нистагма
Кај нистагмата се јавуваат брзи, повтрувачки движења на едното или на двете очи. Движењата можат да бидат странични, горе-долу или пак кружни. Децата со оваков проблем можат постојано да го губат редот во текстот при читањето. За да се спречи тоа може да им помогне користење на картичка со која ќе си го означуваат редот.
Атрофија на оптичкиот нерв
Атрофијата на оптичиот нерв е заболување кај кое има дегенерација на нервот кој ги пренесува информациите од окото до мозокот. Симптомите можат да бидат: заматен вид или намалено видно поле и потешкотии во приметувањето на деталите и контрастот. Ако дојде до губење на видот заради атрофија на оптичкиот нерв, тоа е трајно. Но ако се увиди причината за атрофијата и се третира навреме ,тогаш може да се спречи понатамошното влошување на видот. На овие деца можат да им помогнат јаки бои, силен контраст и силна светлина за да гледаат појасно.
Хипоплазија на оптичкиот нерв
Кај хипплазијата постои вродена недоразвиеност на оптичкиот нерв, тоа го спречува правилното пренесување на сликата од окото до мозокот. Последиците можат варираат од многу мали, па до речиси потполно слепило. Може да се јави на едното или двете очи.
Кортикално оштетување на видот
Кај кортикалното оштетува е оштетен делот на мозокот кој е поврзан со видот. Иако окото е здраво и нормално во овој случај мозокот не може правилно да ги обработи информациите што ги добива од окото. Последиците можат да варираат од благо па се до сериозно нарушување на видот. Понекогаш може да има драстични варијации од ден во ден. Состојбата може да биде трајна или привремена. Луѓето со кортикално нарушување на видот можат да имаат проблеми со проценување на длабочината, што е позадина а што преден дел на сликата, распознавање на лица итн. Обично кога на децата со ова нарушување ќе им се каже однапред што да гледаат, полесно можат да го направат тоа.
Страбизам
Страбизмот е состојба при која двете очи не се насочуваат во истиот правец истовремено. Се јавува затоа што очните мускули не функционираат нормално. Најчесто се работи за наследна состојба, иако може да се јави и како резултат на повреда или некое заболување.
Деморсиеров синдром (септо-оптичка дисплазија)
Кај овој синдром има вродена недоразвиеност на оптичиот нерв и често пати еден дел од мозочното ткиво не е оформен. Последица може да биде слепило на едното или на двете очи, често пати придружено со нистагма или други симптоми. Некои деца со овој синдром имаат нормална интелигенција, а кај некои се јавуваат потешкотии во учењето или ментална заостанатост.
Ретинобластома
Ретинобластомата е малигно заболување на ирисот, обично се јавува кај деца до 6 години и е наследно. Може да се јави на едното или на двете очи. Доколку се започне со рани третмани шансите за излекување се 90%. Ако не се третира може да се прошири на мозокот и на други делови од телото и да доведе до смрт. Терапијата во зависност од место положбата и големината на тумурот може да биде: ласерска операција, криотерапија, зрачење и хемотерапија. Понекогаш окото мора да биде отстрането.
Ретинопатија кај предвремено родени деца
Ретинопатијата типично се јваува кај предвремено родени деца. Кај ретинопатијата запира нормалниот раст на крвните садови на зеницата и се развиваат абнормални крвни садови. Последица на овакавата состојба може да биде одвојување на зеницата и намалување на видот или слепило. Ако се дијагностицира и третира навреме може да помогне ласерски третман.