Оштетување на слухот

Околу 2 до 3  на 1000 деца се раѓаат со некакво оштетување на слухот. До губење на слухот исто така може да дојде и покасно кај деца кои се родиле со нормален слух. Оштетувањето на слухот може да биде на едното или на двете уши, во зависност од степенот на оштетувањето може да биде: балго, умерено, тешко и целосно или глувост. Постојат повеќе причини за оштетен слух:

Сензорнеурално губење на слухот
Сензорнеуралниот губиток на слухот е трајно оштетување и за него не постои лек. Ова е најчестиот вид на оштетување на слухот.

Кај ова оштетување можат да помогнат апаратчиња за слух, всушност 90% од лугето кои носат овакви апаратчиња имаат сензорнеурални оштетувања.

Причина за појава на сензонеурално оштетување на слухот е проблем во внатрешното уво. Причини кои можат да доведат до него се следните:

  • Изложеност на бебето на некои хемикалии додека се наоѓа во утробата на мајката.
  • Генетски промени, како Даунов синдром.
  • Инфекции за време на бременоста, на пример рубеола во првите месеци од бременоста или цито мегало вирус.
  • Инфекции по раѓањето, на пример бактериски менингитис.
  • Проблеми во структурата на внатрешното уво.

Кондуктивно оштетување на слухот

Кондуктивното оштетување на слухот се јавува кога има пречка во спроведувањето на воздухот низ каналот или коските во средното уво. Резултат е намален звук кој доаѓа до внатрешното уво. Може да се јави ако увото е затнато со ушен восок, ако има вода во средното уво, ако има некоја инфекција во средното уво, некоја препрека во каналот, пробушување на ушното тапанче или заболување на некоја од трите коски во средното уво. Луѓето со потешкотии во спроводливоста на слухот можат да имаат чувство дека ушите им се затнати или полни. Причини за кондуктивно оштетување на слухот може да бидат следните:

  • Абнормалност на структурата на ушниот канал или средното уво.
  • Насобран восок во увото.
  • Ушна инфекција, особено ако инфекцијата се повторувала повеќе пати.
  • Присуство на страно тело во увото.
  • Повреда.
  • Пробушување на ушното тапанче.
  • Тумор


Комбинирано губење на слухот

Кај комбинираното оштетување на слухот има сензорнеурално и кондуктивно оштетување.

Централно губење на слухот

Централното оштетување на слухот доаѓа од оштетување на слушниот нерв или на мозочните патишта кои водат до нервот. Централниот губиток на слух ретко се среќава кај децата. Може да се јави како релузтат на:

  • Заболувања кои влијаат врз заштитниот слој околу клетките на слушниот нерв.
  • Тумори.

Високо ризични фактори

Од раѓање до 28 дена

  • Дефрмации на увото, носот или грлото.
  • Рубеола за време на бременста.
  • RH некомпатибилност на родителите.
  • Семејна историја на губење на слухот.
  • Апгар од 0-3.
  • Сериозни инфекции кај бебето.
  • Менингитис.
  • Раѓање на бебето со премала тежина.
  • Хипербилирубинемија.
  • Тешки респиратотрни уштетувања.

Од 29 дена до 2 години

  • Менингитис
  • Повреда на главата
  • Неуро дегенеративни нарушувања
  • Инфекции

 

Знаци на нормален развој:

  • Од раѓање па до 4 месеци: Кога му зборувате на бебето, како одговор запира со движењата или се смирува. Се штрекнува на силен звук. Ги движи очите кон изворот на светлина. Се буди од ненадејна силна бука.
  • од 4-7 месеци: Почнува да ја врти главата кон изворот на звукот. Се смее кога му зборувате, реагира со поглед кога го спомнувате неговото име. Почнува да гуга.
  • од 7-9 месеци: Се врти за да го пронајде изворот на звукот кој му е надвор од видното поле. Разбира кога ќе му кажете "не".
  • Од 9-12 месеци: Ги имитира звуците. Кога ќе именувате некој предмет погледнува кон него. Реагира на музика. Разбира едноставни наредби.
  • Од 13-18 месеци: Ги разбира емоциите на другите. Употребува 3-20 збора.
  • Од 19-24 месеци: Употребува повеќе зборови. Кога поставува прашање го подига гласот на крајот на реченицата. Употребува околу 50 збора. Имитира звуци на животни.

Терапијата кај децата со оштетен зависи од причината за оштетниот слух и може да вклучува:

  • Говорна терапија
  • Знаковен јазик
  • Комуникација преку слики
  • Апарати за слушање
  • Вградување на импланти во увото