Крцкави переци

Од: Твое Бебе on Недела, 30/06/2013 - 23:01

Потребно:

1 кг.брашно
1 лажица сол
1 лажица шеќер
1 и пол маргарини кристал
2 јајца
1 дојден воден квасец(1 лажиче шеќер,1 лажица брашно,малку млеко)
200 мл.топло млеко.
Може по желба да се стави 100гр.печен сусам но претходно оладен.


Припремање:

Убаво се мешаат состојките да се добие глатко тесто кое не треба да биде многу меко.
Без да стасува се сучи кора дебела колку еден прст,се вадат форми по желба,се редат во неподмачкан плех.Од горе се мачкаат со јајце и се посипуваат по желба со сусам,ким или мелен афион.
Се печат на темп.200-250 степени додека не поруменат.

Designed by Antsin.com