Ѕаѕики
Време на спреамање: 10 минути
Потребно:
0,5-1 кг погуста кисела павлака
1-2 големи свежи краставици
2-3 лажици маслиново масло
вински оцет
лук
Спремање:
Од самото канче каде што е павлаката испразнувам пола. Во друг сад ги рендам краставиците, ги цедиме јако (со раце или преку чиста крпа) да истече целата течност убаво. (не правиме таратур) Краставицата ја ставаме во павлаката, ситно рендаме лукче или кој преферира може и да се толчи. се става маслиновото масло и битното е што во ѕаѕики обавезно се става 1-2 лажици вински оцет - тоа му дава повеќе шмек. Доколку сакате да биде погусто ставете повеќе краставици, ако пак не сакате секогаш ја имате настрана останатата павлка за да разредите. Ѕаѕикиѕо одлично оди со скара и узо.