Што се случува кога 3 годишно момче бира облека за мама: Мајка една недела одела во облека одбрана од синот

Summer Bellessa, актерка, блогерка и мајка на 2 дечиња, решила да му дозволи на 3-годишниот син Роквел во текот на една недела да ја одбира нејзината облека. Таа вели дека вообичаено мајките се тие што носат одлуки, така да промената им дошла добро и на двајцата.

Во некои денови има полни погодоци, во некои полни промашувања, но најважно е дека тие се забавувале. Самер вели дека била изненадена од

За комбинацијата од првиот ден, таа вели:

Мојата Боб Дилан мајца, со сива сукња и хулахопки. Мислам дека ќе ја воведам во мојата ротација. Одличен избор, се додека тој не ги одбра штиклите со беж боја. Мислев дека мојот сопруг ќе ми се смее, но не тој не примети ништо невообичаено.

 

ден 1



Вториот ден изборот паднал на мајца со Мини Маус и Хеланки. Самер вели дека тоа била нејзината омилена комбинација, иако таа не би ги одбрала тие чевли. Речиси како да и оддавала почит на Мини.

 

ден 2



Ден број три поминал во цветна комбинација, а Роквел бил пресреќен. Самер вели:

Сакам цвеќиња, рече Роквел, додека покажа на цветините чорапи и фустанот.

Двете имаат цветови.

Тогаш ентузијастичи во комбинацијата ги додал чевлите со розеви пруги и зелената јакна.

Самер вели дека тој ден се чувстувала малку незгодно, додека шетала наоколу во избранта облека, но една жена дури и дала комплимент за изборот на чорапите.

 

ден 3



Четвртиот ден се покажал како предизвик за мајката и синот, бидејки тој одбрал 3 мајци, а ниту едни пантолони. Откако му објаснила дека мора да има и пантолони или сукња и го замолила да ја заменат едната мајца со нив, тој ги одбрал пантолоните и 2 различни чевли со сличен дизајн.

 

ден 4



Петтиот ден повторно имало различни обувки, овој пат чизми. Роквел одбрал блуза со стрели, бидејки многу сакал стрели и бил разочаран што не можел да најде и пантолони со стрели, па се решил за фармерки.

 

ден 5



Уморен и исцрпен од изборот, малиот тодлер бил среќен што тоа е последниот ден во кој требало да одбира облека за мама.
 

Тој се вратил на неговиот зафатен тодлерски распоред, а мама вели дека отсега ќе почне да одбира посмели комбинации.