Детски совети за љубовта: Прв дел

девојчиња разговараат


Што прават луѓето најчесто на состанок?

На првиот состанок само си кажуваат лаги и тоа вообичано ги прави да се заинтересираат за да отидат на вториот состанок. (Мајк, 10)

Кога е во ред да се бакне некој?.

Никогаш немој да бакнеш девојче ако немаш доволно пари за да и купиш голем прстен и видео камера, затоа што таа ќе сака да има видео снимки од свадбата. (Џим, 10 год.)

Никогаш немој да бакнеш пред други луѓе. Ако некој те види ќе биде голем срам. Можеби ќе сакам да бакнам некое згодно момче, но само на неколку саати. (Кали, 9 год.)

Големата дебата: Дали е подобро да си самец или во брак?

За девојчињата подобро е да се самци, но не и за момчињата. На момчињата им е потребен некој кој ќе чисти по нив. (Линет, 9 год.)

Самото размислување на тоа ми предизвикува главоболка. Јас сум само дете, не ми е потребен таков вид на проблем. (Кени, 7 год.)

Која возраст е најдобра за стапување во брак?

Осумдесет и четири. Бидејки на таа возраст не мораш да работиш и цело време можеш да го поминеш со саканиот во спалната соба. (Џуди 8 год.)

За тоа зошто се случува љубовта

Никој не знае сигурно зошто се случува, но сум слушнала дека има нешто врска со мирисот. Затоа парфемите и дезодорансите се толку популарни. (Џен, 9 год.)

 

Кога ќе завршам со градинката, ќе одам да ја најдам мојата сопруга. (Томи, 5 год.)
 

Како да опстои љубовта?

Поминувај го времето со саканата наместо да одиш на работа. (Томи, 7 год.)

Немој да го заборавиш името на жена ти, тоа ќе ги закашка работите. (Роџер, 8 год.)

Добро бакнувај. Тоа може да направи жена ти да заборави дека не си го фрлил ѓубрето. (Ренди, 8 год.)
 

Продолжува ...